Во Македонија има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на:тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акумулации. По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се: Охридско, Преспанско и Дојранско езеро.
Охридско езеро
Охридско езеро
Преспанско езеро
Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави - Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.
Вкупната површина на Преспанското Езеро изнесува 325,9 км2. (Податоциве се читани, мерени, пресметувани од топографки карти во мерка 1:100.000 и 1: 50.000).
Дојранско езеро
Дојранското езеро е најмалото тектонско езеро во Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција.
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло.
This comment has been removed by the author.
ReplyDeletebravo za blogot
ReplyDelete